КОИ
СМЕ
НИЕ
Sunward е водечки бренд со седиште во Кина специјализиран за производство и продажба на градежна, рударска и индустриска опрема. Со повеќе од 25 години присуство на глобалниот пазар, компанијата е рангирана меѓу водечките 50 производители на градежна механизација во светот. Нивната производна палета опфаќа багери, натоварувачи, хидраулични гасеничари за забивање шипови, хидраулични подвижни платформи и друга професионална механизација. Со дистрибутивна мрежа во повеќе од 100 земји, компанијата се позиционира како сигурен партнер за професионални решенија во градежниот и индустрискиот сектор.
Погледнете повеќеITR USCO е водечки глобален производител и дистрибутер на резервни делови за градежна и рударска механизација, со седиште во Италија. Со над 40 години присуство на пазарот, компанијата има развиено широка дистрибутивна мрежа и сопствени производствени капацитети во преку 100 земји низ светот. Нивната палета вклучува висококвалитетни делови за подвозје, хидраулични и електромеханички делови, моторни компоненти, филтри, приклучоци и други технички решенија кои се користат кај најразлични брендови и модели на машини. Со својата посветеност на квалитет, иновација и глобална достапност, ITR USCO останува сигурен партнер за сите професионалци во градежната и рударската индустрија.
Погледнете повеќеMTG е реномиран светски производител специјализиран за компоненти што обезбедуваат висока заштита, ефикасност и издржливост на работните делови кај градежната и рударската механизација. Со седиште во Шпанија и над 65 години инженерско искуство, компанијата нуди висококвалитетни заби, адаптери, осигурачи, ножеви и други компоненти кои се подложни на интензивно абење и оптоварување. Секој производ е изработен од високоотпорен челик, со цел да се обезбеди долготрајна работа и максимална сигурност дури и во најтешки услови. Со континуираната посветеност на иновации, прецизна технологија и глобална дистрибутивна мрежа, MTG е сигурен партнер за сите што бараат издржливост, перформанси и доверливост во градежната и рударската индустрија.
Погледнете повеќеPakelo Lubricants е реномиран италијански производител на висококвалитетни масла и мазива, со присуство на пазарот повеќе од 90 години. Компанијата е специјализирана за решенија кои обезбедуваат максимална заштита и перформанси кај патнички и товарни возила, земјоделска, градежна, рударска и индустриска механизација. Во својот асортиман вклучува моторни масла, хидраулични и трансмисиони течности, мазива за високи оптоварувања кои во својот состав содржат адитиви и специјални течности за специфични технички барања. Сите производи се развиени во сопствени лаборатории и произведени исклучиво во Италија, со примена на најсовремени технолошки стандарди и сертифицирани системи за контрола на квалитет. Благодарение на својата експертиза и постојана иновација, Pakelo е доверлив партнер на професионалци во повеќе од 70 земји ширум светот.
Погледнете ПовеќеEverun Machinery е производител на градежна и земјоделска механизација со седиште во Кина и повеќе од 15 години присуство на меѓународниот пазар. Компанијата е специјализирана за производство на компактни и средни машини како што се мини и телескопски натоварувачи со движење на гасеници и тркала, мини багери, вилушкари и разновидна приклучна опрема. Everun нуди одличен сооднос меѓу цена, квалитет и функционалност, со машини дизајнирани за лесно ракување, ниски трошоци за одржување и прилагодливост на различни работни услови. Производите се застапени во над 100 земји, со поддршка преку широка мрежа на дистрибутери. Со континуиран развој и практични решенија, Everun претставува сигурен избор за современа механизација.
Погледнете повеќеHuppenkothen е реномиран европски снабдувач на мини багери и градежна механизација, со фокус на техничка експертиза, сигурност и брза поддршка. Компанијата е препознатлива по долгогодишната соработка со светски познатиот бренд Takeuchi, како и по широкиот асортиман на додатоци и алатки за различни намени. Со развиена дистрибутивна и сервисна мрежа низ Европа, Huppenkothen гради долгорочни партнерства засновани на доверба, квалитет и достапност. Фокусот на практични решенија, техничка консултација и поддршка по продажбата ја прават компанијата сигурен избор за професионалци од градежната индустрија.
Погледнете повеќе